Македонија повторно е на насловните страници на медиумите во регионот. Овојпат поради случаите на малтретирање животни. Онлајн медиумите на Балканот деновиве ја пренесуваат сторијата на здруженијата за заштита на животни „Анима Мунди“ и „Втора шанса“ за психопатите во источниот дел од земјата кои се изживуваат врз животни, ги малтрертираат, силуваат, а потоа ѕверски ги убиваат.

Иако јавноста во земјава на големо зборува за случаите на малтретирање животни, борби на кучиња и нехуманиот однос кон нив, официјално не е покренато постапка против несовесните граѓани. Здружението за заштита на животни во земјава предушредуваат дека таквите личности со абнормално однесување претставуваат потенцијална опасност за општеството, бидејќи тоа што им го правават на животните можат да го направат и врз луѓе. Тие велат дека државата упорно го игнорира проблемот со бездомните животни, иако во земјата постои закон кој ја регулира оваа сфера.

OhridNews