Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремени локални врнежи од снег. Ќе дува умерен а наместа и силен ветер од северен правец. Максималната температура во Охрид ќе се движи околу нулата, информираат од УХМР Македонија.

Веќе од утре ќе настапи разведрување, но со ниски утрински температури кои ќе бидат во минус насекаде во земјава.

OhridNews