Вандали го уништија осветлувањето на Мостот на желбите, кое неодамна беше обновено, откако  непознати сторители во ноември  ја украдоа комплетната електрична инсталација.


Повторно уништено осветлувањето на Мостот на желбите

Охриѓани се згрозени и загрижени од најновиот вандалски чин, уште повеќе што во последно време зачестија ваквите појави. Пред десетина дена од кејот во Охрид беа украдени седум месингани канделабри, а уништени беа и повеќе корпи за отпадоци. Деновиве разбојници упаднале и украле дваесетина светилки од гробиштата во Струга.

OhridNews
фото: Емилио