Повторното судењето за убиството на српскиот турист ќе започне на 3-ти мај во Прилеп
25.03.11 08:01
Судскиот процес за убиството на српскиот турист Дејан Новаковиќ, кој настрада во тепачка што минатиот август се случи во центарот на Охрид, ќе започне од почеток на 3-ти мај во Основниот суд во Прилеп. Ова доаѓа откако претседателот на охридскиот основен суд, Владо Дејаноски, донесе одлука за изземање на Кривичниот совет предводен од судијката Милка Танеска, поради пропусти во постапката. Со искази се изземаа и другите кривични судии, по што надлежниот Апелациски суд во Битола предметот го предаде на Основниот суд во Прилеп. Согласно законот судењето ќе почне од почеток, а за да се надополни загубеното време закажани се уште три рочишта на 4, 5 и 6 мај.
Покрај судот, од процесот изземено е и основното јавно обвинителство во Охрид, кое го изготви обвинителниот акт. Нивната работа сега ја презема прилепското обвинителство.
За смртта на 34-годишниот белграѓанец се обвинети Митре Костоски и Илче Јоноски, двајцата од Охрид, кои се товарат за кривично дело свирепо убиство. За истото дело е обвинет и српскиот државјанин Драган Ѓорѓевиќ, кој сеуште е во бегство. Четвртиот обвинет е Ѓоко Наумоски кој се товари за помагање по извршено кривично дело.
Пред да биде изземен во Основниот суд во Охрид се одржаа две рочишта од судскиот процес за убиството на Дејан Новаковиќ, кој сега ќе почне од ново.
Општина Охрид известува дека Јавниот повик за ангажирање на невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина се пролонгира до 23 јули Според повикот ...
Потпишани се договорите за реализација на инфраструктурни проекти со кои Општина Охрид аплицираше на вториот Јавен повик за финанасирање на инфраструктурни проекти, објавен од страна на Министерств...
Музејскиот археолошки материјал од локалитетот Расница, кај струшкото село Корошишта се заштитува и конзервира од тим на Археолошкиот музеј на Македонија Наодите од овој локалитет минатата година г...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.