Сеуште трае борбата со шумските пожари. Додека пожарникарите и граѓаните го гасат огнот, премиерот Киријакос Мицотакис им се извина на жителите поради пропустите во спречувањето на борбата портив огнената стихија.
Огнот и после осум дена голта се пред себе на Евија, а над илјада жители мораа да ги напуштат своите домови.
Жителите прават се за да ги заштитат своите домови, имотите во шумите, а помагаат и волонтери. Повеќе од недела дена пожарникарите велат дека се беспомошни и осамени во борбата со огнената стихија, но и се одлучни да продолжат. Сепак иако надлежните повикуваат на евакуација, мештаните на некои села на Евија се одлучни да ги бранат своите домови. Пожарникарите прават се што можат, но им недостигаат повеќе луѓе и авиони за гаснење. Помош на Грција испратиле 22 земји.
Македонското министерство за надворешни работи соопшти дека грчкиот остров безбедно го напуштиле 38-мина од 39-те туристи наши државјани, а еден останал и е сместен во безбедниот јужен дел од островот.
Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина стапи во контакт со неколку тур-оператори од Република Северна Македонија кои оперираат на територијата на Република Грција и истите имале аранжмани за островот Евиа. Според информациите, во недела, на 8-ми август, на островот се наоѓаат 39 туристи од Северна Македонија. 38 од нив безбедно го имаат напуштено островот, се упатиле кон други одморалишта или им заврши аранжманот и се вратија во Северна Македонија. Додека едниот наш државјанин, кој останал на островот Евиа е сместен во јужниот дел на островот Евиа (во моментот безбедно место). Инаку, Амбасадата стапи во контакт со лицето и во моментот нема опасност од пожари во делот каде е сместен, наведуваат од МНР.
Министерството за надворешни работи, претходно, денеска упати апел за претпазливост при патување или престој во Грција поради ситуацијата со пожарите и информира дека досега ниту еден наш државјанин не побарал помош. При евентуална потреба се упатуваат нашите државјани да ги контактираат Амбасадата на Северна Македонија во Атина (+ 30 694 52 82 251, +30 695 51 91 321, +30 694 47 43 071,+30 210 67 49 585) и Генералниот конзулат во Солун (+30 698 72 00 410).
Hашите претставништва во Грција се во континуирана комуникација со надлежните грчки институции и за сите добиени информации навремено ќе виде запознаена јавноста, наведуваат од МНР.
OhridNews