Повеќе од сто пожарникари и десет авиони се борат со големиот пожар кој му се заканува на Крајстчрч, трет по големина град во Нов Зеланд. Властите поради пожарот веќе евакуирале над 1.000 луѓе.

Како што пренесе агенцијата АП, пожарот веќе уништил 11 куќи, а локалните власти прогласиле вонредна состојба. Огнената стихија бргу се проширила во округот Порт Хилс и во текот на ноќта зафатила повеќе од 1.800 хектари.

Инаку, во последните три години во овој регион е забележана голема суша поради што вегетацијата на околните ридови е лесно запалива.

OhridNews
извор Макфакс