Работниците кои работат на објектот ја прекинаа работата, а дел од нив им се приклучија на пожарникарите во борбата со пламените јазици.
Според првични информации нема повредени, а причините за пожарот не се познати. Околу објектот има полиција, како и многу случајни минувачи, а пристигнаа и заменик министерот за култура Драган Недељковиќ, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски и премиерот Никола Груевски.