Пожарот се ширел со голема брзина поради дрвените греди со кои била градена куќата, па затоа на помош биле повикани уште три возила од противпожарната служба од Охрид. Пожарот бил целосно угаснат во 5 часот и 30 минути утрото. Во пожарот за среќа нема жртви и повредени, а причинета е голема материјална штета.
Како што информираат од Противпожарната едница во Струга првичните наоди покажуваат дека пожарот избил поради електричен спој, а истрагата која е во тек треба да ги потврди сомневањата.