Синоќа во Струга избувнал пожар во објект кој се користи како импровизиран магацин под познатиот Мост на поезијата, пишува „Спектра“.

Пожарот предизвикал паника и вознемиреност кај граѓаните. Очевидци тврдат дека покрај огнот и густиот чад се слушнале и неколку пукотници кои наводно се од согорување на материјалите кои биле внатре во објектот.

Благодарение на Противпожарната единица пожарот е локализиран, а полицијата и претставници од ЕВН ги утврдуваат причините за пожарот.

OhridNews

извор: „Спектра“