Од засега неутврдени причини, вчера претпладне, во месноста „Брестој“ помеѓу селата Требеништа и Мешеишта-општина Дебарца, избувнал пожар и ги зафатил околните ниви, стрништа и овоштарници.

  • За кратко време, пожарот се проширил во радиус од околу два километри и предизвикал голема материјална штета. По преземени мерки, територијалната против-пожарна единица околу 16 часот го локализира, а потоа и целосно го изгасна пожарот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По консултација со Јавен обвинител, на местото на настанот СВР Охрид изврши увид и фотографирање на опожареното подрачје.

OhridNews