Во понеделникот попладне во населбата Теферич во Струга, од засега непознати причини настанал пожар во помошен објект-штала сопственост на Б.В.(75), при што е изгорена кровната конструкција, околу 300 бали сено и 20 бали слама.

Пожарот е локализиран, причинета е материјална штета од околу 100.000 денари, а причините за настанување на пожарот дополнително ќе бидат утврдени, соопшти полицијата.

Ohridnews