Пожар избувнал во бутикот „Негро“ кој се наоѓа наспртоти основното училиште „Братство и Единство“ на ул. „7-ми Ноември“ .

Пожарот кој се случил вчера околу 17 часот  бил локализиран со брза интервенција на две возила на професионалната противпожарна единица.

Од бутикот излегувал густ чад кога пристигнале пожарникарите, кои спречиле  огнената стихијата да се прошири на околните објекти.

На местото на пожарот увид извршила полицијата. Според првичните неофицијални информации причина за пожарот била дотраена електрична инсталација, а во тек е утврдување на направената штета.

Ohridnews