Во хотелско-сместувачки комплекс во струшкото село Радожда, вчера во пожар изгорела кровната конструкција и целокупниот инвентар во три хотелски соби од комлексот.

СВР Охрид денеска соопшти дека пожарот избувнал околу 13 часот во комплекс, сопственост на 47-годишен жител на село Радожда.

Во гасењето на пожарот, најнапред интервенирало месното население, а по кратко време и Територијалната против пожарна единица од Струга, која целосно го изгаснала пожарот и спречила негово натамошно ширење, информира полицијата.

OhridNews
Фото: Илустрација