Пожар нешто пред 16 часот избувнал во потпокрив од куќа на улицата „Дејан Војвода“.

Веднаш интервенирала Професионалната противпожарна служба од Охрид. Во пожарот нема повредени лица, а причинета е  поголема материјална штета.  Причините за пожарот треба да ги расветли истрагата.

Целосно е  изгорен е потпокрив од куќата. Останатиот дел од куќата е спасен од екипите на противпожарната единица. Пожарот е целосно локализиран и изгаснат, велат од ТППЕ Охрид.

Стручњаците апелираат на внимателност во грејната сезона и редовно одржување на грејните тела и оџаците, кои се чести предизвикувачи на пожар во зимскиот период.

OhridNews