На 11.01.2022 во СВР Охрид било пријавено дека настанал пожар во помошни простории од куќа на ул.„Ѓорче Петров“ во Охрид.
Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Охрид, повредени лица нема. Увид извршија полициски екипи, информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Пожар се случил наредниот ден во патничко возило во движење во атарот на струшко Селци.
На 12.01.2022 во ОВР Струга е пријавено дека во атарот на струшкото село Селци настанал пожар во патничко возило во движење „Лада“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ч.(44) од селото Нерези. Пожарот, во кој нема повредени лица, е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Струга. Увид извршија полициски екипи.
Во полицискиот билтен стои и дека на 12.01.2022 околу 21.00 часот во угостителски објект на бул.„Македонски просветители“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир.
Извршен е физички напад од охриѓанец врз 18 годишно лице исто така од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше Димоски.
OhridNews












