Пожар избувна попладнево во куќа на улица „Петар Поп Арсов“ во Охрид. Пожарот е локализиран и изгаснат , информираа од ТППЕ Охрид.
Во пожарот нема повредени лица, а изгорен е голем дел од куќата .Станува збор за стара градба на куќа на еден кат на кој имало четири соби. Во куќата, пожарникарите затекнале голема количина на отпад, поради што и бил отежнат пристапот на екипите.
Причините за пожарот се уште не се познати и дополнително ќе се утврдуваат.
OhridNews














