Едно лице загина , а петмина се повредени во пожар што синоќа избувна во стан на 50-от кат на кулата Трамп во Њујорк. Меѓу повредените има и четворица пожарникари, кои се здобиле со полесни повреди при гаснењето на огнената стихија. Причината за пожарот сè уште се утврдува. Жртвата е 67-годишен маж, бил пронајден во бесознание во станот што горел. Според медумите, тој починал во болница.  Како што известуваат медиумите, американскиот претседател во моментот на пожарот се наоѓал во Вашингтон.

Во гаснењето на пожарот учествувале околу 200 пожарникари. „Огнот беше многу тежок, станот беше на 50-тиот кат, а во останатиот дел од зградата имаше многу чад“, напишал на Твитер еден од пожарникарите кои учествувале во акцијата.

OhridNe
wsМакфакс