На 08.07.2021 година во СВР Охрид е пријавено дека во 14.40 часот настанал пожар во овоштарник, лоциран кај авто-кампот „Андон Дуков“ во Охрид, во кој биле опожарени овошни садници и ниско стеблеста вегетација.

Пожарот, во кој нема повредени лица, е изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Охрид.

OhridNews