Ноќеска во 02.00 часот во Полициската станица за граничен надзор Франгово, струшко, во подрумските простории на помошниот објект каде биле сместени резервоарите со нафта за греење и печката за греење, од засега непознати причини настанал пожар. Пожарот е изгаснат од страна на полициски службеници и ТППЕ-Струга, а од екипа на ЕВН исклучена била електричната енергија. Повредени лица нема.
Увид на лице место ќе се врши во текот на денот, информираат од МВР.
OhridNews