На 18.10.2022 во 19.40 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на регионалниот пат Охрид –Струга, се случил пожар во возило во движење „Форд“ со скопски регистарски ознаки, информираат од СВР Охрид.
Возилото било управувано од 60 годишно лице од селото Слепче, демирхисарско. Во пожарот нема повредени лица. Интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид и пожарот бил изгаснат, додаваат од СВР Охрид.
На местото на настанот бил извршен увид.
OhridNews












