На 11 локации низ земјава сеуште има активни пожари на отворен простор.

Пожарот кај месноста викана Горни Покојник, село Јаболце, општина Сопиште, сеуште е активен и со истиот зафатена е сува трева и шума.

Активен е пожар и во општина Студеничани. Пожарот кај с.Добровени општина Новаци е активен и е навлезен во борова шума, но е приземен. Пожарот кај селата Дрен и Смолани е активен, а имало и ветер кој го отежнувал гаснењето. Во текот на вчерашниот ден во вечерните часови појавен е пожар во околината на црквата Св. Ѓорѓија во атар на с. Присад. Пожарот е активен,а зафатена е сува трева и ниска деградирана шума.

Во утринските часови во текот на вчерашниот ден појавен е активен пожар северозападно од с.Горно Јаболчиште, од м.в.Долна Јакупица, према м.в.Горна Јакупица. Пожарот се ширел во правец на карпест предел и нема опасност од опожарување на шума. Пожарот на планината Бистра, кај м.в.Чафкарник кој беше локализиран, повторно е активен, но на кичевска територија. Влера во попладневните часови појавен е нов пожар во близина на селото Ново Конско во месноста Оков Рид општина Гевгелија, кој е сеуште активен. Заради неповолен ветер во текот на ноќта пожарот не е изгаснат., но се дејствува веќе од раните утрински часови.

Пожарот кај с.Врањовце е локализиран. Со пожарот зафатена е сува трева, нискостеблеста дабова шума, смреки и остатоци од бесправно сечена шума. Пожарот кој се појави во текот на вчерашниот ден кај месноста Пресека, поточно помеѓу селата Дулица и Бизиково, на границата со опш.Македонска Каменица е локализиран.

OhridNews