Грчките пожарникари цела вечер се бореа со големиот пожар што ги зафати шумите во близина на селата Кери и Агалас на грчкиот остров Закинтос.

Пожарот кој сеуште не е ставен под контрола, изби вчера околу 11 часот во јужниот дел на грчкиот остров Закинтос. Материјална штета претрпеа неколку куќи, а две села и еден хотел беа превентивно евакуирани.

Доцна синоќа на островот пристигнаа пожарникари од Солун, но и генералниот секретар за цивилна заштита, Никос Хараљас. Во справувањето со огнените јазици учествуваат 171 пожарникар со 52 возила, две специјални пожарникарски единици, девет пешадиски единици, два авиони и четири хеликоптери, а помагаат и 13 цистерни од општината.