Пожарникарот Ацо Тасески и водителот Жанко З’ш Голабоски личности на годината во Охрид
31.12.12 15:56
Храбриот охридски пожарникар Ацо Тасески е „Личност на годината во Охрид за 2012 година“ во изборот на редакциското жири на најпосетуваниот интренет портал во Охрид и пошироко „OhridNews“.
Тасески годинава не се штедеше себе си при бројните интервенции. Спасуваше човечки животи од опожарениот Студентски дом и домови на охриѓани зафатени од огнена стихија.
Ова, воедно е признание и за професионалната противпожарна единица од Охрид, која годинава беше на висина на задачата секогаш кога тоа ќе беше потребно.
Признанието „Личност на годината во Охрид за 2012 година“, според гласовите на читателите и обожавателите на „OhridNews“ на фан страната на весникот на „Facebook“, заврши во рацете на познатиот охридски водител Жанко З’ш Голабоски. Тој од неодамна е косопственик на Гинисов рекорд за најдолг радио маратон. Од есенва Жанко е и заштитно лице на „Наша тв“. Основач е на велосипедистиочкиот клуб „З’ш Точак“ кој годинава редеше успеси на државните првенства.
Признанијата на Тасески и Голабоски, ќе им бидат доделени на свеченост што ќе се одржи деновиве.
Во рамките на работната посета на Обединетите Арапски Емирати, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со главниот комерцијален директор на Флајдубаи, ...
Врз основа на Програмата за еднакви можности на Општина Охрид за 2026 година, Акцискиот план како составен дел на Програмата, Буџетот на Општина Охрид за 2026 година и Правилникот за доделување сре...
Охрид во август годинава го посетиле вкупно 96 260 гости, од кои 58 451 домашни и 37 809 странски Биле остварени вкупно 451 976 ноќевања Од странските најмногубројни биле гостите од Турците – 10654...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.