40-годишниот пожарникар кој вчера изврши насилство во охридската Противпожарна служба, при што тешко повреди колега кој заврши на клиниката во Скопје со повреда на главата, е во притвор.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека лицето, кое и минатата година нападна и повреди свои колеги, бил притворен неколку часа по инцидентот откако полициските служби покренале потрага по него и го лоцирале местото каде се криел, во објекти во околината на селото Велгошти.

Лицето е приведено поради сторени кривични дела „тешка телесна повреда“, „насилство“ и „загрозување на сигурноста“. Сега притворениот, вчера, во просториите на Територијалната противпожарна единица во Охрид со дрвен предмет нападнал 54-годишен колега му нанесе тешки телесни повреди, по што повредениот беше пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Во друга просторија физички нападнал уште еден пожарникар, нанесувајќи му повреди. Откако го напуштил местото на настанот, пријавениот се јавил на службениот телефон во противпожарната служба и упатил сериозни закани кон пожарникар.

OhridNews