– Најголемиот дел од пожарот е изгаснат, но нашите екипи и понатаму превземаат мерки со цел да не дојде до повторно негово проширување поради ветрот, изјавија од Противпожарната служба.
Пожарот кој ја зафати шумата помеѓу охридските села Опеница и Куратица,, кај месноста Прентов мост, изби утрово околу 10 часот.
Во неговото гаснење беа мобилизирани сите екипи со кои располага охридската Противпожарна единица, службите при подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување, како и двата авиони за гаснење пожар кои попладнево беа испратени од Скопје.
Според неофицијалните информации, пожарот бил намерно предизвикан, за што посочиле очевидци кои го виделе лицето кое го предизвикало пожарот.