На „Јутјуб“ објавени се видеа на кои се гледаат последиците што зад себе ги остави големиот пожар што изминатите два дена го зафати Сплит. Хрватските медиуми објавија дека на планината Мосор и денеска има пожар.

На терен се повеќе од 200 пожарникари, на кои во секој момент, доколку има потреба, може да им се приклучи војската. Од денеска пожарот го гаснат и канадери на хрватската војска.

Пожари деновиве зафатија и други делови од Хрватска, како и дел од Црна Гора.