Пожарот што попладнево го зафати познатиот манастир Трескавец кај Прилеп, ставен е под контрола, од огнената стихија е спасена црквата „Успение на пресвета Богородица“, но целосно изгорена новите конаци од манастирот, пренесува „Макфакс“.


Армиски хеликоптери го гаснеа пожарот во манастирот Трескавец

Нема опасност за црквата „Успение на пресвета Богородица“ која е во центарот на манастирскиот комплекс, но конаците не можеа да се спасат, вели портпаролот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Влатко Котески.

Според ЦУК, во гасење на пожарот ангажирани се три хеликоптери на АРМ, прилепската противпожарна единица, едно возило од битолската противпожарна единица, како и од јавните претпријатија.

По апелот на ЦУК, на терен излегле и поголем број на прилепчани и жители на околните населени места и покрај тоа што поради непристапниот терен, спасувачките екипи тешко стигнаа до теренот.

Поради пожарот кој го зафати манастирскиот комплекс Трескавец прилепскиот градоначалникот Марјан Ристески за вторник свика итна и вонредна седница на Советот на општината.

Трескавец е еден од најголемите манастирски комплекси во Македонија и светски познат споменик на културата.Сместен е на десетина километри од Прилеп, на падините под Златоврв.

OhridNews
извор:„Макфакс“

Канческа-Милеска: Веднаш ќе се направи план за обновување на манастирот „Трескавец“