Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани зема уште една жртва. Утрово по долго лекување во приватна скопска болница почина Владимир Блажев-Панчо од ДНК. Панчо беше сериозно повреден со тешки изгореници на лицето и на рацете.

Меѓу загинатите беа осум члена на групата ДНК, меѓу нив вокалот Андреја Ѓорѓиески, музичарот Филип Стевковски, гитаристот Андреј Коларов, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, придружниот вокал Сара Пројковска, тонецот Игор Велков, бит-боксерот Мартин Атанасовски – Буцо и Александар Ефремов, фотограф на „ДНК“.
OhridNews











