Во Калифорнија продолжува борбата со огнената стихија која досега одзеде 25 животи, а десетици се водат за исќезнати.

Во пожарот уништени се илјадници куќи и други објекти низ Калифорнија. Вчера пожарникарите најдоа тела на уште 14 лица во близина на градот Парадајз . Од вкупно 25 жртви , 19 се од местото Парадајз , а другите шест лица се од местото Конков исто во округот Бут. Во овој град од 27 000 жители , изгореа и над 6 700 објекти , претежно станбени куќи.

Меѓу стотиците повредени,  има и тројца пожарникари од вкупно ангажираните 3 200 на терен.

Гори и на југот на Калифорнија , каде над 200 000 жители се евакуирани , меѓу кои и познатите холивудски ѕвезди , кои живеат во близина на елитното летувалиште Млибу. Таму изгореа најмалку 150 објекти , од кои најмногу луксузни куќи на славните.