По околу два часа борба со огнот, екипи на противпожарната единица од Охрид кои интервенираа со неколку возила, целосно го неутрализираа пожарот кој избувна попладнево во куќа на улицата „Аргир Маринчев“ во населбата Месокастро во Охрид.

Тесните улички и ветрот ја отежнуваа интервенцијата на пожарникарите кои, за среќа, успеаја навреме да го изгаснат пожарот и да спречат негово ширење на околните објекти.

Во пожарот изгореа една соба и дел од покривот на куќата. Повредено е едно лице кое единствено било во куќата кога настанал пожарот, при што се здобило со изгореници на главата, кои не се животозагрозувачки. Укажана му е помош од екипа на брзата помош, која веднаш пристигнала на местото на настанот.

Причините за пожарот треба да ги утврди истрагата.

OhridNews