Ветрот кој деновиве дува засилено во Охрид го „истресе“ жолтиот полен од чемпресите. На места коловозите и тротоарите пожолтеа, а валкано-жолти се и автомобилите низ градот.

Чемпресот е зимзелено дрво кое произведува големи количини полен кој при ветер како облак се шири низ воздухот и паѓа на земјата. Посебно внимателни треба да бидат луѓето чувствителни на поленот од зимзелените дрва.

Добра вест е што во текот на денот во Охрид дува засилен јужен ветер кој заедно со повремениот дожд ќе ги расчисти облаците од жолт полен кој природно го испуштаат зимзелените дрва во овој период од годината.

OhridNews