Деновиве во Женева се одржува состанок на работните групи за управување со водите во регонот на Европа, на кој како преставник од Македонија учествува охриѓанецот Дејан Пановски. 
На состанокот направен е преглед на досегашните проекти и процеси во управувањето со прекуграничните води. Исто така утврден е план на активности и поддршка на  проекти во наредниот период. Пановски смета дека добар сигнал е што „Дримскиот дијалог“ е препознаен како еден од најпрогресивните процеси во Европа околу управувањето со водните басени.
 
-Како делегација на РМ, ја поздравивме поддршката што досега е дадена од УНЕЦЕ за напредок во Дримскиот дијалог. Со оглед што Дрим е веќе препознаен како иден важен процес побаравме и натамошна поддршка од страна на УНЕЦЕ. Меѓународната поддршка на која работиме ке биде клучна за заштитата и на целиот басен и на езерата посебно. Засега, ја имаме целосно, истакна Пановски.