Охридските хотелиери се договорија- гостите кои ќе дојдат на Водици и за денот на рибарите ќе добијат сместување за 8 евра.

Имено, менаџерите од дваесет хотели во Охрид, прифатија да понудат промотивни цени на сместување се со цел промоција на градот и празникот. За промотивна цена од 8 евра ноќевање, гостите ќе може да изберат во кој хотел ќе престојуваат. Меѓу нив се- хотелите Тино, Дипломат, Бејбунар, Тони, Де Лаго, Ривиера, Ројал, Дончо, Гранит, Инекс, Метропол, Десарет, Милениум, Белведере, Коцаре, Амбасадор, Славија Спектар, Климетица, Силекс и Мизо и Вила Миа.

Како што претходно беше најавено од страна на Локалната самоуправа станува збор за симболични цени кои се подржани и од локалната и од хотелиерите.  

 Организаторите велат дека интерес да се престојува во Охрид на 18- ти, 19- ти и 20- ти јануари постои. Најголемиот број заинтересирани гости се од другите градови од Македонија како и од соседните земји, од каде постојано пристигнуваат позитивни реакции во врска со одлуката да се понудат промотивни цени на сместување за Водици.

 Неодамна, градоначалникот Петрески најави дека за празникот Богојавление меѓу гостите ќе бидат и претставници на туристичките заедници од Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Косово, Романија и од Бугарија, до кои тој упатил официјална покана за време на службениот престој во Банско, во месец декември.

OhridNews