Здраствената состојба на Михаел Шумахер после несреќата на скијање во Франција кон крајот од 2013 година се држи во строга тајност, а информациите кои стигнуваат во јавноста никогаш не се потврдени од најблискиот круг на фамилијата на Германецот.

Медиумски молк на некој начин го „скрши“ менаџерката на Шумахер, Сабине Кем која е една од ретките која има дозвола за посета на некогашниот шампион во Формула 1.

– Долго време е познато во каква состојба се наоѓа Михаел по несреќата. Иако јавноста сака точно да знае што се случува со него, јас можам само да кажам дека има напредок. Засега напредокот е минимален, но и тоа е знак дека постепено се опоравува. – рече Кем.

Шумахер после несреќата хоспитализран беше во Гренобл, а под лажен идентитет беше преселен во Швајцарија каде и живее со фамилијата.

OhridNews