„Позитивно негативни“ – нова авторска песна и видео спот на Мето Ди Флеш
24.02.22 18:10
Песната “Позитивно негативни” е четвртата авторска песна на нашиот познат музички уметник Мето Ди Флеш која доаѓа со видео запис како и претходните.
Мето Ди Флеш се потпишува како комплетен автор на текстот, музиката и аранжманот. Песната е снимена во неговото студио во Струга. Пратечките вокали се на Марија Мечкароска и Анастасија Поповска и ја истакнува он-лајн соработката со повеќе музичари од целиот свет
Песната е напишана како што вели тој во еден здив. Зборува за актуелното време кое го живееме, пандемијата која наместо да не зближи не раздели еден од друг. Луѓето кои се занимаваат со музика и уметност се и беа најпогодените од новонастанатата состојба.
Нема ништо полошо од тоа некој да ти забрани да го работиш тоа што го сакаш и тоа што те прави среќен вели Методи. Новото “нормално” ништо добро не ни донесе туку напротив како се повеќе луѓето да сме спротивставени меѓу себе. Упатува порака повеќе да се сакаме,почитуваме и вистински да бидеме позитивни а негативни на ковид тест 🙂
За видеото да изгледа светски се погрижи Мухамед Манте кој повеќе месеци работеше на него. Го нацрта Њујорк, поштено се изнаработи па од видео студиото Флеш на Самир директно ме стави во центарот на светот вели Методи.
Александар Вучиќ вечерва од изборниот штаб на листата „Обединета Србија“ го призна поразот на вонредните парламентарни избори и соопшти дека Студентската листа освоила најмногу мандати Врз основа н...
Света Троица 2021 продолжува со добрите настапи во Третата македонска фудбалска лига – Регион 5, откако на гостувањето во Кичево славеше над Напредок 1928 со 2:1 До важните три бода, Света Троица с...
Македонија ќе биде меѓу првите држави во кои официјално ќе се имплементира светски познатата сателитска интернет и телекомуникациска технологија „Старлинк“ (Starlink) Оваа стратешка иновација ќе ја...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.