Советничката група на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Охрид, продолжува со поддршката на активностите на Градоначалникот Бакрачески, како што потенцира, со цел санирање на катастрофалните штети направени во изминатите 8 години од страна на претходната локална гарнитура.

– Покрај огромите финансиски долгови во висина од над 33 милиони евра, покрај наследената целосна материјална и морална девастација на општината, сериозен проблем претставува и нереално димензионираната општинска администрација, неколку кратно поголема од стандардите за административно работење. Единствен услов за вработување во минатото во таа администрација беше партиско-политичката подобност кон Коалицијата предводена од СДСМ, ставајќи ги партиските над граѓанските интереси. СДСМ и Сојузот за иднината ја имаат целосната одговорност за таквата ситуација до која ја доведоа општина Охрид во изминатиот 8 годишен период.  Впрочем, симптоматично е зошто СДСМ и Сојузот за иднината од улога на позиција во советот на општина Охрид цели 8 години не беа загрижени за вработените во локалната кога едно столче го делеа тројца административци.Зарем тоа не е спротивно на стандардите за работа и не е форма на мобинг? , прашуваат од советничката група на мнозинската коалиција.

Оттаму, додаваат дека организирањето на администрацијата за нејзиното ефикасно функционирање е од фундаментална важност за општина Охрид и затоа даваат поддршка до градоначалникот и локалната самоуправа да ги спроведуваат сите мерки, согласно законот, за надминување на сериозно критичната ситуација во која е затекната во општина Охрид.

OhridNews