Од креативната „кујна“ на веќе етаблираниот угостителски бренд „Steve’s coffee house“, ни доаѓа уште еден светски гастрономски концепт во Охрид – „Eli’s place“.

Станува збор за концепт на самопослужување на свежо подготвена храна, која ќе може да се консумира во новиот амбиент на убаво уредениот простор во приземјето на хотелот „Ројал Вју“ или да се понесе на саканата дестинација.

Препознатливиот квалитет на „Steve’s coffee house“, ќе се применува и во ресторанот за самопослужување на суб-брендот „Eli’s place“. На менито ќе има бургери подготвени од внимателно селектирано телешко месо, голем избор на ладни сендвичи, тортиљи, фиш енд чипс, слатко-кисело, свежи салати и, секако, квалитетно кафе, освежителни и други пијалаци.

Не станува збор за фаст фуд, напротив, се ќе се приготвува свежо на лице место, откако ќе се добие нарачката, со што купувачите добиваат загарантиран квалитет, односно вредност за тоа што го плаќаат. А кога сме кај цените, тие ќе бидат значително конкурентни на задоволство на крајниот потрошувач. – истакнуваат од менаџерскиот тим на „Eli’s place“.

Работното време на „Eli’s place“, ќе почнува од 12 часот, секој ден.

Официјалното отворање на „Eli’s place“ е овој петок, 4 март, точно напладне.

OhridNews
Фото: Емил Јовановиќ