НБА лигата објави нов распоред, на скратената сезона, во која секоја екипа ќе одигра 66 натпревари. Регуларниот дел од сезоната ќе заврши на 26. април, додека разигрувањето за шампионската титула, доколку финалето се игра во максимални седум натпревари, ќе заврши на 26. јуни.
Инаку, откако во саботата стана јасно дека НБА кошарка ќе има, една група на кошаркари меѓу кои се големите ѕвезди Двејн Вејд, Леброн Џејмс, Крис Пол, Кармело Ентони, ги откажаа своите ревијални натпревари.
Кошаркарите во своите екипи најдоцна треба до 9. декември, кога ќе започнат тренинг камповите, додека првите натпревари ќе се одиграат на 25. декември.
Според новиот распоред, секоја екипа треба да одигра 48 натпревари со екипи од својата конференција и 18 со останатите тимови.
“Макфакс“
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com