Пријавениот од декември минатата, до февруари оваа година, извршил четиринаесет казнени дела на подрачјето на Охрид, стекнувајќи се со против-правна имотна корист. Тој со употреба на штрафцигери, успевал да ги разбие сигурносните брави од влезните врати и прозори, а потоа со кршење на стакло и со употреба на физичка сила, насилно влегувал во куќи, станови и деловни објекти во Охрид, одземајќи пари, повеќе ЛЦД-а и телевизори, сребрени монети и златен накит. Од една ординација одзел и неколку лекарства и ампули „Тродон“.
Со извршените тешки кражби, пријавениот, се стекнал со против-правна имотна корист од над 500.000 денари, соопшти полицијата.
По серијата кражби што Б.Т. ги извршил изминатиов период, одделението за општ криминалитет при СВР Охрид, реализира повеќе оперативни активности и претрес во домот на пријавениот, кои резултираа со пронаоѓање на алат погоден за извршување кражби, повеќе ампули „Апаурин“ и „Кетонал“ нагорени алуминиумски фолии со траги од кафеава прашкаста материја, кои се испратени на вештачење.
По преземени криминалистичко-технички мерки од страна на оперативците, и извршено споредување на одземените предмети, констатирано било нивно совпаѓање со трагите кои се нанесени на влезните врати од обиените објекти.
Инаку, пријавениот, е познат извршител на казнени дела и наркозависник против кого и досега биле поднесувани повеќе кривични и прекршочни пријави, информираат од СВР Охрид.
Познат охридски крадец завршил во притвор
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com