Селекциите на Гибралтар, Ерменијa и Лихтештајн се противниците на македонска фудбалска репрезентација во 4-та група од Д лигата во Лига на Нации кој е нов проект на УЕФА и нуди полесен пат до учество на завршницата од континенталното првенство кое ќе се одржи 2020 година.
„Црвено жолтите“ новото натпреварување под капата на УЕФА ќе го започнат на гостински терен кај Гибралтар. Потоа следуваат мечевите со Ерменија и Лихтенштајн на домашен терен. Втората етапа Македонија ја почнува со Ерменија на гостински терен, гостува и кај Лихтештајн, а фазата по групи ја завршува пред своите гледачи против селекцијата на Гибралтар.
Патот на Македонија до Европското првенство 2020 година не е ни малку лесе. Избраниците на Игор Ангеловски мора во 4-та група да завршат на првата позиција и да обезбедат пласман во плејофот. Таму ги очекуваат преостанати победници од трите групи. Во полуфиналето се игра еден натпревар, а двојките ќе бидат одредени со ждрепка. Победниците од полуфиналните мечеви се среќаваат во финалето, а најдобриот од Д лигата обезбедува директен пласман на ЕП.
Распоред:
1.коло 06.09.2018: Гибралтар – Македонија
2.коло 09.09.2018: Македонија – Ерменија
3.коло 13.10.2018: Македонија – Лихтенштајн
4.коло 16.10.2018: Ерменија – Македонија
5.коло 16.11.2018: Лихтенштајн – Македонија
6.коло 19.11.2018: Македонија – Гибралтар
OhridNews