Организаторот на предолимпсикот турнир Венецуела го одреди “возниот ред“ на Македонија во Д групата. “Црвено жолтите“ квалификациите ги започнуваат со Ангола на 2 јули додека вториот меч со Нов Зеланд избраниците на Лазовски го играат на 3 јули. Македонија во Д групата е репрезентацијата со најнизок ранкиг. 

Македонија подготовките за предолимпискиот турнир ќе ги започне на 4-ти јуни, а ќе финишираат на 26-ти јуни со пријателските натпревари против “дрим тимот“ на САД и Порторико.

Распоред на натпреварите:
Групна фаза:
02.07.2012 (23.30ч) Ангола – Македонија   (Во Каракас 17.00ч)
03.07.2012 (20.00ч) Македонија – Нов Зеланд   (Во Каракас  13.30ч)
04.07.2012 (17.30ч) Нов Зеланд – Ангола   (Во Каракас 11.00ч)
Точниот термин за почеток на преостанатите натпревари, односно оние кои ќе се играат во четвртфиналето, полуфиналето и натпреварот за трето место, дополнително ќе бидат одредени.

Анголците оптимисти за претквалификацискиот турнир во Венецуела