Првиот противник на Македонија во квалификациите за ЕП 2012 година во Србија кои ќе започнат на крајот од октомври ќе биде селекцијата која ќе обезбеди место преку квалификациите.
Во групата “А” во претквалификациите играат Естонија, Бугарија, Кипар и домаќинот на тие средби Велика Британија.
Само најдобриот ќе се приклучи во првата квалификациска група, а со тоа ќе стане и првиот состав што ќе гостува во Македонија во квалификациите.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
1. КОЛО (27/28.10.2010)
Македонија – Квалификант; Унгарија – БиХ
2. КОЛО (30/31.10.2010)
БиХ – Македонија ; Квалификант – Унгарија
3. КОЛО(09/10.03.2011)
Македонија – Унгарија; Квалификант – БиХ
4. КОЛО (12/13.03.2011)
Унгарија – Македонија ; БиХ – Квалификант
5. КОЛО (08/09.06.2011)
Квалификант – Македонија ; БиХ – Унгарија
6. КОЛО (11/12.06.2011)
Македонија – БиХ ; Унгарија – Квалификант










