Позната лекарка од Клиниката за нефрологија е пронајдена мртва со убодни рани од нож во пределот на вратот и рацете во нејзиниот дом на улицата „Елисие Поповски“ во Скопје.

Засега нема информации околу тоа дали полицијата има осомничен за убиството. Станува збор за М.С.Ј (53) која, според првичните информации, работела како лекар на Клиниката на нефрологија. Полицијата потврди дека случајот кај нив бил пријавен синоќа околу 21 часот по што веднаш е излезено на лице место. Од страна на екипа на Итната медицинска помош е констатирана смрт. За случајот е известен и јавен обвинител, а телото на починатата е предадено на обдукција.

OhridNews
извор Телма