Подготовките за дочекот на новата година на градскиот плоштад се при крај, информираат од локалната самоуправа. Се чека официјална потврда од една македонска музичка ѕвезда со која се преговара да настапи и да ги забавува присутните кои ќе се одлучат заедно да ја прослават најлудата ноќ на отворено. Името не се открива, но од локалната потенцираат дека тоа ќе биде објавено деновиве.

– Програмата за забавниот дел за време на празниците е позната. Од 26- ти до 31- ти декември  на плоштадот ќе е поставена бина на која ќе се одвива разновидна музичка програма. Во поголемиот дел тоа ќе бидат настапи на ученици од основните и средни училишта, како и учесници во танцови и театарски групи кои ќе ги анимираат охриѓани и гостите,вели раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолов.

На 31- ви декември, предвидена е богата културно- уметничка програма. Ќе настапат голем број охридски музички таленти и групи, а кулминацијата на забавата ќе биде за самиот дочек на новата 2015 година, кога ќе настапи македонската музичка ѕвезда.

OhridNews