Ждрепката за четвртфиналните и полуфиналните натпревари на женската УЕФА Лига на Шампиони се одржа денеска. Европските дебитанти Реал Мадрид ќе играат против ривалите од „Примера“ и актуелниот носител на титулата, Барселона.

Четиринаесеткратниот четвртфиналист Арсенал, кој го крена овој трофеј во 2007 година, ќе се соочи со Волфсбург, победник на ова натпреварување во 2013 и 2014 година.
Полуфинална ждрепка одлучи во полуфиналето од женската Лига на Шампиони на УЕФА да се соочат Реал Мадрид или Барселона со Арсенал или Волфсбург и Јувентус или Лион со Баерн или Париз.
Првите натпревари во четвртфиналната фаза ќе се играат на 22 и 23 март 2022 година, а реваншите на 30 и 31 март.
OhridNews










