Присутен беше и режисерот и почесен гостин на фестивалот кому оваа година ќе му биде доделена наградата за животно дело, Жак Доајон.
Жак Доајон има снимено триесетина филмови и е добитник на бројни признанија. Снима главно некомерцијални, уметнички филмови, настојувајќи да направи дистинкција со холивудските блокбастери. Неговиот филм „Никавица“ од 1979 година, ќе го затвори годинешното издание на фестивалот.
Како гостин на фестивалот во Охрид е и познатата француска актерка и режисерка Ева Јонеско, чиј филм „Мојата малечка принцеза“, снимен 2011 година, публиката ќе има можност да го проследи утревечер во 21 часот.
Станува збор за автобиографско дело, за екранизирана животна приказна на Јонеско со прославената француска филмска дива Изабел Ипер, во главната улога. Нејзиниот живот бил атрактивен до таа мера што и прославениот режисер Луј Мал, го екранизирал во „Слатката Малечка“. Како актерка, Јонеско дебитирала во филмот на Роман Полански „Закупецот“ од 1976 година.
Фестивалот на францускиот филм завршува на 5 јули со доделување на наградите и проекцијата на филмот „Никаквица“.