Американската актерка Меган Маркл во венчаница на британската дизајнерка Клер Вејт Келер, креативна директорка на „Живанши“, со долг превез со чипка и тиара што ѝ ја позајми кралицата Елизабета Втора се појави во катедралата во Виндзор, каде е во тек свадбената церемонија на кралското семејство. Во црквата Сент Џорџ има голем број гости, меѓу кои и Бекам и неговата сопруга, Амал и Џорџ Клуни, Опра Винфри, Елтон Џон и уште многу други познати.

Младоженец заедно со неговиот брат Вилијам, облечени во кралски униформи први се појавија во црквата. Невестата дојде придружувана од нејзината мајка. По неа пристигнаа и кралицата Елизабета, принцот Чарлс, а потоа и Кејт Мидлтон со децата.

Илјадници луѓе се собраа во англискиот град Виндзор за кралската свадба на британскиот принц Хари и американската актерка Меган Маркл. Околу 600 гости се поканети да присуствуваат на црковната служба, а кралицата Елизабета Втора треба да биде домаќин на приемот во замокот. Хари е помладиот од двајцата синови на Чарлс и покојната принцеза Дијана, неговата прва сопруга.