Bо Лондон се извлечени групите за последниот АТП турнир оваа сезона, Мастерс купот. Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ ја предводи Групата А, во која покрај него се уште Енди Мари, Давид Ферер и Томаш Бердих.

Второрангираниот на АТП листата, Рафаел Надал ја предводи Групата Б, во која уште се Роџер Федерер, Жо-Вилфред Цонга и Марди Фиш.

Завршниот Мастерс куп во Лондон, во „О2“ Арената ќе се игра од 20 до 27 ноември.

“Макфакс“
Ohridnews