Во среда, во основното училиште „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи почетната активност во рамки на проектот на УСАИД „ Со читање до лидерство“ – Вклучување на семејството и заедницата.

Како што информираат од училиштето, во рамки на предвидените активности, ќе се реализираат интересни и креативни настани со кои ќе се анимирааат учениците, со цел предметите математика и изучувањето на странски јазик да станат поинтересни.

– Намера ни е да ги анимираме и вклучиме и родителите и целата заедница со цел да изградиме култура на читање и да ја подигнеме свеста на јавноста за значењето на описменувањето. За таа цел, Проектот склучи соработка со повеќе јавни личности (пејачи, глумци, спортисти) кои ќе водат заеднички активности за читање литература и изучување на математика со учениците, а тие активности се спроведуваат под насловот „Читањето и математиката се забавни’’, вели ВД директорот на училиштето, Јордан Пуроски .

Во рамки на проектот, на 27 ноември, ОУ „ Св.Климент Охридски’’ ќе го посетат актерите Јулијана Стефанова и Горан Стојаноски, кои ќе се дружат со учениците и ќе учествуваат во активностите поврзани со читањето и предметот математика.

ОУ „Св.Климент Охридски“  е меѓу 20- те училишта во Македонија кои се дел од првата фаза на проектот.

OhridNews