Јавната установа Национален парк Галичица ги објави имињата на наградените ученици од ликовниот конкурс: „Убавините на Национален парк Галичица“, објавен по повод денот на паркот, 25 октомври.
- Наградени ученици од одделенска настава(од прво до петто одделение) се:
Прва награда – Константин Митрески II oдд., ОУ.„Григор Прличев“ – Охрид
Втора награда – Андреа Поповска IVодд., ОУ.„Браќа Миладиновци“ – с.Царев Двор, Ресен
Трета награда – Ристе Ристески IV одд., ОУ.„Св.Климент Охридски“- Охрид
Трета награда – Бисера Златева III одд., ОУ.„Христо Узунов“ – Охрид
- Наградени ученици од предметна настава ( шесто до деветто одделение) се:
Прва награда – Андреј Мешкоски VII одд., ОУ.„Св.Наум Охридски“- с.Пештани, Охрид
Втора награда – Марија Сандреска IX одд., ОУ.„Братство Единство“- Охрид
Трета награда – Теодора Каланоска IX одд., ОУ.„Кочо Рацин“- Охрид
Трета награда – Марија Тодоровска IX одд. ОУ.„Браќа Миладиновци“- с.Царев Двор, Ресен
- Пофалени ученици:
Мартин Маслов II одд., ОУ.„Св.Климент Охридски“- Охрид
Бисера Карадакоска II одд., ОУ.„Григор Прличев“- Охрид
Кристина Радевска IX одд., ОУ.„Славејко Арсов“- с.Подмочани, Ресен
Изборот на наградени го вршеше комисија составена од еден надворешен член, наставник по ликовна уметност и еден член вработен во Јавната установа Национален парк Галичица.
На 01.11.2019 година во просториите на Јавната установа Национален парк Галичица во рамките на настанот на промовирање на новата веб страна и мобилната апликација на Националниот парк Галичица ќе биде и доделувањето на наградите. Ќе бидат наградени 3 творби од одделенска настава и 3 творби од предметна настава. Наградените ќе добијат пакети со сувенири и обелжја од Националниот парк Галичица, во согласност со освоеното место.
OhridNews












